„Нероаѕурите“ и повеќе од збунети и загрижени: Икарди каде се погодоците…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема дилеми дека фудбалерот на Интер, Мауро Икарди е еден од најдобрите напаѓачи на Стариот континент.

Веќе со години е во самиот врв на листата на стрелците на Апенините, а оваа сезона покажа дека и во Лигата на шампионите може да заигра на исто ниво постигнувајќи четири погодоци на шест натпревари за својот тим.

Меѓутоа, она што навивачите би требало да ги загрижи е податокот дека Икарди го постигнал својот последен погодок од игра уште пред два месеци против Рома кога беше 2:2.

Во меѓувреме погодуваше и против Удинезе, Беневенто, но и синоќа против Лацио, но од белата точка.

Некако неговата послаба форма се поклопува со онаа на Интер кој не славеше во претходните три меча.

Позицијата на Лучано Спалети се клацка, па велат дека е веќе „готов“…