Нетрпението ескалираше: Кошаркари на Мемфис се степаа во соблекувалната! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Мемфис Гризлис, Герет Темпл и Омри Каспи имаа физичка пресметка во соблекувалната по поразот од Деторит Пистонс со 94-101.

„ЕСПН“ пишува дека тепачката била спречена од страна на останатите колеги на споемантите кошаркари.

Мемфис имаше долг состанок зад затворени врати во соблекувалната, па тренерот Џеј Би Бајкерстаф по половина час дојде на прес-конференција за медиумите.

Помина многу време додека медиумите добиле шанса да влезат во соблекувалната, а во тој момент таму биле само лидерите на екипата Марк Гасол и Мајк Конли.

Инаку, ова за Мемфис е десетти пораз во последните 13 натпревари, па во моментов има 18 победи и 19 порази на Западот.