Нејмар: За мене постои само еден важен играч во светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Нејмар за шпанските медиуми изјави дека за него постои само еден најдобар ирач од средниот ред на сите времиња.

Бразилскиот репрезентативец изјави дека во својата кариера имал прилика да игра со многу неверојатни фудбалери, но дека сепак само еден успеал да остави незаборавен впечаток врз него.

„Иниеста е најдобриот играч од средниот ред кој некогаш сум го видел. Го кажувам тоа поради неговите квалитети и од се друго што тој го има. Тој е неспоредлив со било кој друг бидејќи е многу, многу различен. Тој посетува елеганција и класа која го издвојува од останатите“, изјави Нејмар

Шпанските медиуми очекуваа дека станува збор за Чави, но Нејмар додаде дека Иниеста е далку подобар играч од средниот ред од поранешниот играч на Барселона.