До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Нејмар е еден од најдобрите фудбалери во светот, а за него детали од приватниот живот не се знаат премногу. Сепак открива дека кога имал една година за малку ќе умрел во сообраќајна несреќа, во која учествувал со својот татко.
„Во Бразил улиците не се безбедни, а кога ќе падне дожд тие се уште повеќе опасни. Додека се возевме се појави возило пред нас, а јас морав да свртам наеднаш и излетавме од улицата“, вели неговиот татко.
Бразилецот оздравел за брзо време, па својот талент го покажа најмногу со преминувањето во Барселона, а малку недостигало да се потпише за Реал Мадрид. Скаутите на Реал биле воодушевени од Нејмар, па отишол на проба и ги импресионирал, но Сантос го изменил договорот и го одбил Реал Мадрид.









