Нејмар: Повреден или не, немаше шанси да го пропуштам мечот против Ливерпул!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар кажа дека не бил целосно подготвен за дуелот против Ливерпул во Лигата на шампиони, но морал да игра.

ПСЖ победи синоќа на свој терен против Ливерпул со 2-1 и се искачи на второ место на табелата, а Нејмар кажа дека играл повреден. Тој го постигна вториот гол, а фудбалерите на Ливерпул го обвинија дека често глумел на теренот.

„Не бев 100% сигурен, но тоа беше важен дуел. Повреден или не, немаше шанси да го пропуштам. Тоа е вистинската битка. Среќан сум што победивме и покажавме вистински дух, а тоа беше многу важно“, кажа Нејмар.

ПСЖ во последното коло на 11 декември ќе игра во Белград против Црвена Звезда. На табелата во група Ц, Наполи е прв со девет бода, ПСЖима осум, Ливерпул шест и Звезда има само четири.