Нејмар сака да промени фудбалско правило


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар не е посебно задоволен со некои фудбалски правила.

Напаѓачот на Барселона порача дека сака да промени многу фудбалски правила, но едно посебно го истакна.

„Јас би променил многу правила, поготово да не сте казнети кога ќе го соблечете дресот, тоа не се казнуваше порано“, порача Нејмар.

Тој истотака се осврна и на шпекулациите околу трансферот во ПСЖ, и порача дека во ова лето разговараше со претседателот на овој клуб.

„Да, имаше многу разговори со ПСЖ, тоа е вистина, но одлучив да останам во Барселона бидејќи овде се чусвтвувам како дома, среќен сум со соиграчите, како и животот овде. Не сакам да ги потврдам или демантирам бројките. Не можам да се замислам некаде на друго место освен во Барселона. Среќен сум што сум важна алка на оваа екипа“, порача Бразилецот.