Не било само поради нов предизвик: Откриено зошто Роналдо се преселил во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е нов фудбалер на Јувентус, каде што пристигна за 105 милиони евра од Реал Мадрид и потпиша четиригодишен договор, според кој ќе заработува по 30 милиони евра годишно.

„Не ми е жал што заминав од Реал. Тука сум затоа што сакам нов предизвик. Играчите на моите години заминуваат во Кина, но јас сум благодарен на Јуве што ми даде ваква шанса“, кажа Роналдо на претставувањето.

Освен за продолжување на кариерата, Јувентус му даде шанса и за избегување на плаќање данок.

Роналдо многу повеќе заработува од спонзорски договори, отколку од клупската плата, а тоа беше проблем во Шпанија, но со доаѓањето во Италија нема да има повеќе такви проблеми.

Италијанската влада минатата година донесе закон според кој сите личности кои ќе пријават престој и работа во Италија не мора да плаќаат данок на парите заработени надвор од Италија, односно ќе избегнат плаќање на фиксен данок од 100.000 евра годишно.

Односно, Роналдо ќе плати 100.000 евра данок за 80 милиони евра годишно од заработка од спонзорски договори, додека во Шпанија ќе требаше да плати дури 40% од целата сума.