„Не би го донел Меси ниту кога бесплатно би сакал да игра!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Меси често се поврзува со заминување од Барселона.

Голем број клубови не може да си го дозволат големиот играч. Неколку од нив би можеле да плаќаат многу пари на годишно ниво за него, но има и такви кои не би сакале ниту бесплатно да игра за нив.

Така барем тврди претседателот на турскиот тим Алтинорду, Мехмет Озкан.

Тој даде комична изјава за Меси.

„Дури и да сака бесплатно да игра за нас Меси, јас не би го донел. Верувам во младите турски фудбалери и секогаш би им дал шанса на нив пред него.“

Овој тим во моментов е 9-ти на табелата. Сепак, само 3 бодови се зад 6-то место кое носи во доигрување за пласман во првата лига.