„Не би сакал Канте да ме прогонува по теренот 90 минути!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот играч Н`Голо Канте игра одлично оваа година во дресот на Челси.

За Канте многумина имаат само пофални зборови, а на многу интересен начин неговата игра ја искоментира Реднап кој е познат по контроверзните изјави.

„Канте е Брајан Робсон, Рој Кин и Макелеле во едно. Никогаш не сум видел таков играч. Секогаш е во акција, го има по целиот терен. Родителите не треба да им зборуваат да го гледаат Роналдо или Меси, туку треба да ги насочат кон Канте.“

„Тој е супер играчот на Челси. Да се игра против него е кошмар. Среќен сум што сум во пензија, замислете тој да ме прогонува 90 минути по теренот.“

Да потсетиме, Реднап во текот на кариерата играше дури 11 години за Ливерпул и на 237 натпревари успеа да постигне 30 голови.