„Не вредам 50 милиони евра“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Никола Калиниќ не се жали што не преминал во Тијанџин, но вели дека неговата иднина во Фиорентина зависи од тренерот.

Овој напаѓач неодамна потпиша нов договор, а откупна клаузула има од 50 милиони евра. Кинескиот клуб скааше да ја активира, па му понудија и плата од 10 милиони евра годишно.

„Беше тоа скоро готова работа. Канаваро ме повика во јануари, но за мене таа работа беше решена. Морам да кажам дека не знаев колку точно е голема понудата, но парите не вредат премногу во животот.“

„Навистина сакам да не вредам 50 милиони евра и мислам дека нема никој да плати толку пари за мене. Не сум ја барал таа клаузула, тоа е договор на мојот клуб и менаџер.“

Да потсетиме, тој оваа сезона одигра 21 натпревари во Серија А и постигна 10 голови.