Не ги жалат парите – Јунајтед подготви 170 милиони фунти за напаѓачи!


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед наредната сезона би можела да влезе со два нови фудбалери во нападот.

Според медиумите, Јунајтед е подготвен да понуди 170 милиони фунти за 2 напаѓачи, а станува збор за Гризман и Белоти.

Гризман веќе долго време е споменуван како засилување на Јунајтед. Разговори се наводно извршени, а тимот од Јунајтед ќе плати за него 100 милиони евра.

Уште еден играч кој Мурињо сака да го види во тимот е Белоти. Тој зад себе има сезона од соништата за да привлече интерес на европските гиганти, а според медиумите нов тим би можел да му биде Јунајтед.

Торино би можеле да заработат повеќе од 80 милиони евра во овој трансфер.

Овие фудбалери во Јунајтед би требало да ги заменат Ибра и Руни.