„Не ги предадов Русите, а тие ме отпуштија!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот италијански тренер, Фабио Капело одби да стане тренер на ПСЖ.

Тој доби понуда од нив во 2013 година, а тогаш клубот го напушти Анчелоти.

Условите беа договорени, но Италијанецот се предомисли во последен момент.

„Бев на чекор од ПСЖ. Леонардо ме повика, ги договорив условите, но на крајот се откажав, бидејќи Русите ме отпуштија и пропуштив шанса да водам голем клуб.“

Наместо него во тимот стигна Бланк. Тој освои 3 титули и минатото лето го напушти клубот.

Капело е 2 години без работа, а во богатата кариера, освен Англија и Русија работеше и во гиганти како Реал, Јувентус, Рома и Милан.