„Не го кревајте Жесус во небо!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус моментално е најинтересен фудбалер на Сити, во кој започна многу добро.

Младиот фудбалер постигна 3 голови на последните 2 натпревари.

Јаја Туре вели дека не треба да се брза со него.

„Тој е многу добар игрча, брз, остар и паметен. На него му е потребно да се фокусира на фудбалот, само што стигна и рано е за заклучок. Велам да не го креваме во небо туку да го оставиме да игра фудбал.“

Манчестер Сити го донесе него оваа зима од Палмеирас за 32 милиони евра.