Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на ФИФА, Инфатино застана во одлуката СП од 2026 година да се прошири на 48 репрезентации наместо на досегашните 32. Инфантино изјави дека е донесена одлуката поради фудбалот, а не поради парите.
Одлуката за проширување на Мундијалот е донесена во вторник на состанокот на главното тело на светскиот фудбал и тоа едногласно. Предлог за учество на 48 репрезентации поднесе Инфатино, кој се најде на удар.
„Станува збор за токму спротивното, тоа е фудбалска одлука. Секоја формат има свои предности во врска со финансиите. Но, ние бевме во комфортна ситуација да донесеме одлука само од спортски причини.“
Во првата фаза на СП ќе бидат 16 групи по 3 репрезентации, а потоа следува нокаут фаза со 32 репрезентации.
„Ова е историска одлука која го означи влегувањето на СП во 21 век.“