Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После што го Франк Де Бур го повика Марсело Брозовиќ за излегувањата, се огласи и сегашниот тренер на Интер Стефано Пиоли.
Де Бур намаше успешна епизода во Интер и го напушти Џузепе Меаца после три месеци.
Холанѓанецот откри дека за него лошите работи почнаа кога Икарди објави автобиографија, а Брозовиќ излегуваше во диско.
Медиумите во Италија пишуваат дека Брозовиќ и денеска е склон на излегувања, меѓутоа за разлика од Де Бур, тоа не претставува проблем за сегашниот тренер на Интер Стефано Пиоли.
„Јас не излегувам во ноќни клубови. Моите играчи веројатно излегуваат, но се надевам дека кога е време за тоа да не претеруваат“’, рече Пиоли и потоа продолжи:
„Во клубот сум три и пол месеци, а се надевам дека бидам уште три години. Оваа група има неверојатен став, играчите меѓусебно се почитуваат и градат нешто големо. Јас сакам да им дадам индентитет, начин да бидат подобри. Работам на тоа“, заклучи Пиоли.