Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач, Антонио Касано и понатаму е играч на Сампдорија, но оваа сезона не одигра ниту минута во Серија А.
Касано падна во втор план кај Сампдорија, а во лето му беше кажано дека тој нема да игра повеќе за овој тим.
Напаѓачот призна пред неколку денови дека размислува да ја заврши својата кариера кога во јануари ќе го раскине договорот со тимот.
Сепак, медиумите пишуваат дека тој би можел да се предомисли бидејќи добил нова понуда.
Касано има понуда од Палермо кој сака да потпише договор со него до 2018-та година.
Палермо веќе стапил во контакт со Касано, па преговорите се во тек.
Напаѓачот на Сампдорија последниот натпревар го одигра на 8 мај оваа година.