Не игра за Ливерпул, а заработува милиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ЛазарМарковиќ повеќе од четири години е под договор со англискиот Ливерпул, но речиси воопшто не добива шанса.

Некогаш големиот бисер на српскиот фудбал, стигна на Енфилд во 2014 година од редовите на Бенфика за 22 милиони евра. Од тогаш до денес одигра само 19 натпревари за дресот на Ливерпул на кои постигна два гола.

Марковиќ подолг период беше испраќан на позајмици во Фенербахче, Спортинг, Хал и Андерлехт.

Оваа година Марковиќ се врати во градот на Битлси, но сепак не добива шанса од Јирген Клоп. Тоа веројатно не му пречи многу затоа што до сега од Ливерпул има заработено 12.4 милиони евра за само 19 одиграни натпревари.