Не им е гајле за забраните – Руни доби луда понуда од Кина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни има понуда од Кина.

Иако во последно време се споменуваат промени на правила кои ќе ги сопрат овие големи трансфери, сепак тимовите не се грижат за тоа.

Доказ е понудата која ја доби Вејн Руни, на кого еден кинески тим наводно му понудил годишна плата од дури 60 милиони фунти.

„Иако му остана уште една година од договорот со Јунајтед. Руни би можел да ја прифати понудата од Кина во лето. Кинезите најверојатно ќе му понудат договор на 2 години и би бил луд кога би ја одбил понудата.“

Станува збор за Пекинг, чија понуда за Руни во ноември беше веќе одбиена.

Руни во овој викенд стана најдобриот стрелец во историјата на Јунајтед и најверојатно од лето повеќе нема да го гледаме во Јунајтед.