Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Навивачите на Ливерпул не се задоволни со одлуките на Јирген Клоп, па испратија голем број критики по поразот во Париз.
Најмногу ги изнервира неговиот стартен тим, во кој беа Хендерсон, Вајналдум и Милнер како тројка на средината, а тоа ја уништи креативноста во средниот ред.
„Црвените“ се прашуваат дали оваа грешка ќе ги чини пласман во осминафиналето, а притоа Клоп нема освоено ниту еден трофеј по пристигнувањето на „Енфилд“.
Многу коментатори и навивачи сметаат дека се ближи крајот на Клоп во Ливерпул, поради тоа што не освојува трофеи, а троши многу пари на засилувања.
Викендов се игра „Мерсисајд“ дербито и тоа не беше причина за да ги одмора фудбалерите во Париз, иако клубот вели дека ако не го победат Наполи, тогаш не заслужуваат да одат понатаму. Но, ако Наполи постигне гол, тогаш ќе биде потребен триумф од два гола разлика.