„Не ми е гајле за тие што зборуваат лаги“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо со Реал Мадрид ја освои ЛШ и клупското светско првенство, а со Португалија стана европски шампион и сосема заслужено по 4-ти пат стигна до „Златната топка“.

Годината со најголеми успеси не го смени Роналдо, тој игра одлично на теренот.

„Горд сум на тоа што сум најпопуларен фудбалер на друштвените мрежи. Сакам и понатаму да постигнувам многу голови. Најважен ми е успехот на теренот.“

„Имам одлично семејство, син кој ме сака, фантастична мајка, сестра и браќа, како и прајатели. Тие кои ме знаат ме сакаат таков каков што сум, а тие кои не ме знаат зборуваат лаги, но не ми е гајле.“

„Парите не ми се важни. Вистината е дека по кариерата мора да живеете пријатно. Сакам да продолжам вака уште неколку години. Потпишав одличен договор со спонзорот и Реал. Но мене не ме мотивира платата.“