Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус во вторникот го победи Наполи со 3:1 во првиот натпревар од купот.
Иако Наполи водеше со 1:0, до крајот на натпреварот Јувентус успеа да направи пресврт, а дури 2 голови домашните играчи постигнаа преку пенал.
По натпреварот, поранешниот судија Чезари изјави дека и Наполи требало да добие пенал затоа што Пјаниќ направил прекршок врз Албиол.
Во италијанските медиуми се создаде „војна“ на релација Јувентус-Наполи, а свој коментар даде и Пјаниќ.
„Не знам за што станува збор, ни што сакаат да постигнат со тоа. Не го допрев Албиол. Тој налета на нас и топката беше во игра, се обиде да извлече максимум од ситуацијата, но не успеа. Ја почитуваме одлуката на судијата.“