„Не сакаме Челси против нас да направи рекорд!“


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн вели дека неговиот тим не сака да биде впишан во историјата како тим против кој Челси стигнал до рекорд.

Челси има низа од 13 победи во една сезона во ПЛ, а со тоа го изедначи резултатот на Арсенал од 2001/02.

„Дефинитивно не сакаме да бидеме екипа која дозволи Челси да сруши рекорд. Тоа ни е во мислите, разговаравме за тоа во соблекувалната.“

Минатата сезона Челси одигра 2:2 против Тотенхем.

„Сега сме подобра екипа, мислам дека имаме и 4-5 бодови повеќе отколку минатата сезона. Тоа покажува дека сме на вистински пат.“

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Челси се игра во среда од 21:00.