Не се откажуваат така лесно од него: Ливерпул повторно ќе притиска за францускиот репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул повторно ќе се обиде во своите редови да го донесе фудбалерот на Лион, Набил Фекир.

Како што пренесува „Мирор“, Ливерпул повторно сака да го доведе 25 годишниот фудбалер кој беше многу блиску до трансфер на „Енфилд“ минатото лето, но тогаш веќе договорениот трансфер не се реализираше.

Англискиот медиум пренесува дека трансферот на офанзивниот фудбалер би можел да се случи и во овој месец, а истиот би изнесувал околу 70 милиони евра.