„Не сум единствен кој пушеше цигари во соблекувалната на Италија“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот играч на Италија, Даниел Освалдо на изненадување на сите, минатата година ја заврши кариерата.

Тој играше одлично во дресот на Рома, Интер и Јувентус, а потоа замина во Англија каде што играше за Саутемптон. По епизодата во Англија, тој се врати во Италија каде што не се задржа долго.

Меѓутоа, Освалдо минатата година ги изненади сите кога соопшти дека заминува во пензија, иако неколку денови претходно го прослави 30-от роденден. Тој ќе остане запаметен по тоа што беше страствен пушач на цигари.

Освалдо пред неколку денови даде изјава за медиумите. Тој зборуваше за времето кога играл за Италија, односно откри дека не бил единствен кој пушел во соблекувалната.

„Вистина е дека јас имав обичај да пушам цигари во соблекувалната додека играв за Италија, но не бев единствен. Често ми се приклучуваа Буфон и Прандели. Сепак, според навивачите јас бев најлош и на удар на медиумите.“