„Не сум среќен во Баерн!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Постојат контакти со други клубови.“

Иако на прв поглед во Баерн се делува одлично, бидејќи се први на табелата во БЛ и играат многу добро во ЛШ, сепак не е баш така.

Има многу незадоволни фудбалери во тимот на Анчелоти, а медиумите почнаа да ги објавуваат нивните имиња.

По резервниот голман Свен Улрих кој во петокот изјави дека заминува во лето затоа што не сака повеќе да биде резерва на Ноер, сега и Даглас Коста ја отвори душата и ја призна суровата реалност.

„Кога ќе заврши сезоната, ќе седнеме да анализираме се. Имаме неколку силни понуди од Кина, но и од тимови од Европа. Не сум среќен тука, се надевам дека ќе најдеме решение. Дали ќе останам зависи од неколку фактори. Главна причина се минутите и играта.“