Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот играч за врска Наинголан требаше да биде на располагање на Спалети за мечот против Барселона кој се игра наредната недела во рамките од Лигата на шампионите.
Тој неодамна се повреди па поради тоа го пропушти првиот меч со Барса, а и натпреварите против Милан и Лацио, а сега е веќе спремен за враќање на терените.
Белгиецот сепак нема да настапи против Џенова за викендот, бидејќи стручниот штаб на Интер не сака да ризикува, па ќе го сочуваат за важниот натпревар против Барселона.
Наинголан пристигна ова лето во Интер од Рома, а оваа сезона вкупно одигра девет натпревари и постигна два гола.