Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
На крајот на 80-те години се случи една од најголемите трагедии во Европа и Англија. Трагедијата која ги натера Англичаните да направат некои измени. Затоа што во трагедијата загинаа 96 луѓе.
Иако години подоцна се потврди кој е виновник за тоа што се случи на 15 април 1989 година на Хилсборо во Шефилд. Годините поминуваа, Англичаните успешно избегнуваа да признаат кој е виновен, кој згрешил, кога на трибините со одреден капацитет беше пуштен поголем број на навивачи на Ливерпул.
Помеѓу останатите тука беше и шефот на полициското осигурување Дејвид Дакенфилд кој наредил да се отвори капијата на влезот Ц. Од тој момент, на споменатата трибина се создаде голема гужва, стампедо во кое луѓето се обидуваа да најдат излез.
Дали кон горниот дел, дали кон самиот терен. Само 5-6 минути пред почетокот на натпреварот, само неколку метри зад грбот на играчите на Ливерпул. Некои со години подоцна зборуваа дека слушнале крици, пискотници на навивачите кои биле пред ѕидот, на кои единствен спас им бил теренот.
Се создаде голема гужва, стампедо во кое луѓето се газеа едни со други додека полицијата имаше наредувања да го сопре влегувањето на навивачите на теренот. Навивачите беа блиску еден до друг, па така умираа и стоејќи.
За жал, голем број деца настрадале. Најмладиот имал 10 години и се викал Џон-Пол Џилхул. 94 навивачи починаа на 15 април додека повредени биле 766, а 300 биле однесени во болница. 4 денови подоцна, бројот на мртви порасна на 95 кога 14-годишната Ли Никол почина во болница.
Во март 1993 година почина Бланд, откако помина 4 години во кома, па бројот на настрадани се зголеми на 96.
Подоцна истрагата ќе покаже дека половина можеле да се спасат ако добиеле добра медицинска помош. Но никој не реагирал на време и затоа се случила ваква трагедија.
Долго време беше потребно тоа да излезе некој во јавност и да го признае. Пред 3 години започната беше нова истрага, за да се стави крај на оваа трагедија, а семејствата да добијат некаква утеха.
Без оглед на се, на срцата на навивачите на Ливерпул остана голема трага болна како Хајсел, лузна која секоја година ќе ги потсетува на оваа трагедија.