Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер Клаудио Раниери секој ден добива нови понуди за работа.
Овој 62-годишен тренер е без работа откако доби отказ во Лестер на крајот на февруари.
Многу понуди стигнаа на неговата маса. Познати тимови би сакале да го видат во нивните редови, затоа што сите сакаат да го направи истото чудо како со Лестер.
Нова понуда стигна од Кристал Палас и тоа веднаш откако отказ даде Алардајс.
Раниери сеуште нема одлучено што ќе прави. Од Англија сеуште го бара и Вотфорд, а меѓу понудите се одвојува и понудата на Бетис кој има големи планови за наредната сезона.