Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Интер синоќа на гостински терен славеа против Пескара (2:1) во рамките на третото коло од Серија А.
Во 75 минута од натпреварот влезе Стеван Јоветиќ кој после овој натпревар беше главна тема на Меаца. Имено, со синоќешниот настап, Јоветиќ ја активираше клаузулата во договорот на Интер и Сити, и миланскиот клуб беше обврзан да го откупи неговиот договор од Граѓаните.
Иако многумина мислеа дека Јоветиќ е на позајмица до крајот на оваа сезона, и оваа вест ги изненади навивачите на Интер. Италијанскиот клуб после синоќешниот натпревар беше приморан да плати 14.5 милиони евра за Црногорецот кој сега стана член на Интер.
Сепак, италијанските медиуми веруваат дека Франк де Бур ова намерно го направи иако Јоветиќ се поврзуваше со заминување од Интер. Имено, новиот тренер на Нероаѕурите пред неколку дена му вети на врногорскиот играч дека ќе биде важен дел од неговата екипа во оваа сезона.
Сеуште не е познато на колку години Јоветиќ ќе потпише договор со Интер.