„Ниту видов, ниту слушнав, не сакам да влегувам во караница“

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не сакаше да ја коментира изјавата на Барселона, односно на Пике.

Барселона беше поразена од Билбао со 2:1 во првиот натпревар во 1/8-финалето.

„Не ни беа досудени 2 пенали, еден врз мене и еден врз Нејмар. Но, сите знаеме како оди тоа.. Видовме што се случуваше помеѓу Реал и Севиља, а ова не е ниту прв, а нема да биде ниту последен пат.“

На ова Зидан не сакаше да даде коментар.

„Ниту видов, ниту слушнав, не сакам да влегувам во караница. Секогаш е исто, не ги коментирам судиите.“