Ниту Конте, ниту Покетино: Перез го сака човекот кој го запре ПСЖ во Франција!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, уште бара нов тренер за својата екипа, откако минатата недела го отпушти Хулен Лопетеги.

Лопетеги имаше лоши резултати со „кралевите“, па по неколку месеци на „жешкото столче“, Перез му ја покажа вратата, а на негово место како привремено решение е поставен Сантијаго Солари.

Сепак, претседателот на „кралевите“ бара ново решение за тренерската позиција, а откако претходно се споменуваа Антонио Конте и Маурицио Покетино, сега се појави уште едно име.

Наводно, Перез преговара со Леонардо Жардим, кој го напушти Монако неодамна, а исто така тој успеа да ја запре доминацијата на ПСЖ во францускиот шампионат во 2016/17.