„Ништо не е готово, во фудбалот се е возможно!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома утре играат на домашен терен против Виљареал во 1/16-финале од ЛЕ против Виљареал.

Рома минатата недела на гостувањето победи со 4:0 и така со една нога се веќе пласирани во наредното коло.

Сепак, Лучијано Спалети не се откажува.

„Во фудбалот се е возможно. Се сеќавате ли кога Милан го победи Депортиво со 4:1, а во реваншот беа поразени со 4:0 и тоа никој не го очекуваше.“

Тренерот на Рома утре ќе направи неколку измени во својот тим.

„Тоти најверојатно ќе игра од првата минута. Можно е да играат Вермален и Руи од почеток, но сеуште немам одлучено. Герсон покажа дека има квалитет, иако не играше многу во оваа сезона.“