Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Извршниот директор на Барселона, Оскар демантираше дека во тимот ќе дојде Дарио Срна.
Иако минатите месеци се зборуваше често за тоа како искусниот 34-годишен десен бек ќе стигне во Барселона, сепак тоа нема да се случи.
Оскар вели дека клубот му верува на Алеиш Видал и дека нема никој да дојде во тимот.
„Ако не си замине никој, нема ни да дојде никој. Ние сметаме на Видал, затоа го донесовме. Можеби е малку чудно што доби помала минутажа, но заклучоците се поднесуваат на крајот на сезоната.“
По се изгледа дека 27-годишниот фудбалер ќе остане во Барселона, а Срна ќе остане без трансферот на кариерата.
Тој скоро деценија и пол е член на Шахтјор.