Ништо од Симеоне – Интер го смени планот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако се шпекулираше дека наредната сезона на клупата на Интер ќе седне Диего Симеоне, по се изгледа дека тие ги смениле плановите.

Според медиумите, Пило ќе остане во тимот, барем уште некое време.

Договорот на Пиоли завршува на крајот на наредната сезона и по се изгледа дека тој ќе остане во тимот, со тоа што не е исклучена можноста тој да потпише нов договор.

Познато е дека Симеоне одамна сакаат да го видат во Интер, а и самиот Аргентинец призна дека еден ден ќе го тренира Интер, но изгледа дека ќе помине некое време додека се случи тоа.

Интер моментално е на 5-та позиција и има шанси до крајот на сезоната да стигне до место кое води во ЛШ.