Ни Нејмар, ни Мбапе, ниту Азар: Првото засилување на Зидан не е толку звучно


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Се чини дека прво засилување на Зинедин Зидан во вториот мандат на клупата на Реал нема да бидат ниту Азар, ни Мбапе, ниту Нејмар како што се најавуваше, туку име кое не е многу познато на многумина.

Кралскиот тим веќе долго време е заинтересиран за дефанзивецот на Порто, Едер Милитао, а се чини дека токму тој ќе биде прва мета на Зидан.

Се работи за фудбалер кој има само 21 година, а во Порто дојде минатото лето од Сао Паоло. Тој ја помина истата академија како Кака, Кафу и Оскар.

За него се интересира и Манчестер Јунајтед, а вредноста на траснферот би требало да изнесува околу 45 милиони фунти што секако и во денешно време не е премногу.

Тој може да игра на позиција стопер, десен бек и заден везен. Порто го доведе за околу шест милиони фунти, а за само 12 месеци би можел да се продаде за многу поголем износ, што само покажува дека португалската екипа знае како да работи.