Нова теорија на Шпанците: Зидан заминал од Реал Мадрид поради – Роналдо?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон откри дека португалската легенда Кристијано Роналдо бил причина за заминувањето на Зинедин Зидан од тренреското место.

Французинот се повлече од „кралскиот клуб“ неколку дена по триумфот во финалето на Лигата на шампиони, па така ја изненади јавноста.

„Зидан сакаше да го задржи Роналдо и да го продаде Бејл. Сепак, претседателот го направи спротивното. Зидан, исто така, сакаше да купи неколку фудбалери, но не му беа исполнети желбите, па реши да си замине. И беше во право“, вели Калдерон.

Во секој случај, претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез ги одби овие обвинувања.