Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Редсите не успеаа на гости да го совладаат лутиот ривал Евертон и сега имаат еден бод помалку од лидерот Манчестер Сити кој успеа да го надокнади заостанувањето над Ливерпул и да го превземе лидерското место.
После натпреварот Јирген Клоп имаше многу долга прес конференција, бидејќи имаше многу прашања на кој требаше да одговори. Но, еден од новинарите кој ја преиспитуваше неговата тактика посебно го налути германскиот стручњак.
Него го занимало зошто Ливерпул не одиграл поофанзивно и зошто не превзеле повеќе ризик знаејќи дека на тој натпревар им одговараше само победа. Но, не очекуваше дека прашањето и тоа како ќе го налути тренерот на Ливерпул.
„Извинете, но не го разбирам прашањето. Значи, имаме седум ремија, а тие изгубија повеќе натпревари. И каква врска тоа има со некои стандарди?“, го прача Клоп новинарот кој проба да објазне дека сака само да знае дали Ливерпул требало да игра поотворено и поофанзивно.
„Многу сум разочаран од твоето прашање, баш сум разочаран поради што ова е фудбал, а не Плејстејшн. Дали мислиш дека денес не ризикувавме доволно? Тоа е она што сакаш да го прашаш? Тоа е многу разочарувачко прашање и морам така да го кажам. Излегува дека се е така лесно и треба само да им кажам. „Момци повеќе ризикувајте, одиме на победа“. Еве кажете, дали постои некој наш реми натпревари каде што не сме оделе на победа?“, додаде Клоп.