Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Екипата на Ферари вчера првпат го возеше новиот болид „СФ-90“ во Барселона, каде што возачите Себастијан Фетел и Чарлс Леклер имаа шанса да го пробаат.
Фетел беше возачот кој подолго време помина на патеката со новиот болид, а пред самиот крај на неофицијалните тестови го проба и Леклер, па во Ферари ги искористија дозволените 100 км.
Новиот болид официјално ќе се тестира од денеска, кога почнуваат тестирањата и ќе траат до 21 февруари.
Двајцата возачи на Ферари до почетокот на новата сезона ќе имаат доволно време да се навикнат на болидот.
Ферари сака да ја освои титулата, а тие ќе бидаат главни фаворити заедно со Мерцедес, но пред нив е тежок предизвик.
Новата сезона во Ф1 почнува за еден месец со трката на 17 март за Големата награда на Австралија, а сезоната се завршува со трка за Големата награда на Абу Даби на први декември.
First out-ins for the #SF90 ! #essereFerrari pic.twitter.com/bNfTL8sUCY
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 17, 2019