Новиот кандидат сам се пријави – Би дал се да го тренирам Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали ова би била вистинската комбинација во Барселона?

Денес се појави информација дека Роналд Куман е прв пик за замена на Луис Енрике ако не го продолжи договорот, но сега се појави уште еден тренер со интересна изјава.

Тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли јавно потврди дека би дал се кога би можел да го тренира Лионел Меси.

Сампаоли од летото е тренер на Севиља, но не крие дека сака да го тренира Лионел Меси.

„Би сакал да го тренирам Меси и да го гледам секој ден на сите делови на теренот. Тоа би била единствена шанса да бидам блиску да го гледам најдобриот фудбалер во светот. Кој не би сакал да го тренира? Ако таков фудбалер го направите среќен на теренот, 95% од работите за вашиот тим е направено. Тоа е како порано да го имавте Диего Марадона кога ќе имаше свој ден. Тешко да може некој да го победи тимот на Меси ако тој се чувствува добро“, изјави Сампаоли.