„Новиот Меси“ го одби Реал за да премине во Барселона за 80 милиони евра!


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Играчот на Дортмунд, Осман Дембеле ќе ја одбие понудата на Реал за да премине во Барселона.

Овој 19-годишен фудбалер е голем фан на Меси и не сака да ја пропушти шансата да игра со својот идол.

Дембеле минатото лето стигна од Рен во Борусија. Иако се очекуваше дека ќе му треба доста време за да се навикне, сепак тој оваа сезона постигна 6 голови и 11 асистенции.

Тој е одличен дриблер и играч кој знае да заврши акција. Неговата цена е 80 милиони евра.

Затоа што Барселона најмногу во нападот смета на триото МСН, нема сомнеж дека овој играч би можел да дојде во Барселона, а Меси да се повлече на средината на теренот.