Новиот премиерлигаш Хадерсфилд се засилува во пресрет на новата сезона

Од таборот на Хадерсфилд напорно работат за засилување на екипата во пресрет на нивниот настап во Премиер Лигата.

Прв на листата на желби е Арон Мој, играч кој минатата сезона ја помина во овој тим како позајмен играч од редовите на Манчестер Сити.

Мој минатата сезона беше најдобар играч на клубот, а според информациите Хадерсфилд и Манчестер Сити се пред договор за трансфер на играчот вреден десет милиони фунти.

Хадерсфилд го посакува и Том Инс од Дерби за кого испратија понуда вредна 7 милиони фунти, но истата беше одбиена од страна на „Овните“. Сепак, како што наведува „Скај Спортс“ трансфер на Инс на „Кирклес Стадионот“ е многу возможен.