Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа го тврди фудбалер кој Холанѓанецот го пречкрта недолго откако го превзеде кормилото на Нероаѕурите.
Роберто Манчини долго инсистираше на доаѓање на Чанер Еркин на Меаца, желбата конечно му се исполни во ова лето, но поради тоа што италијанскиот тренер остана без работа во ова лето, Турчинот не се задржа долго во Интер.
27-годишниот бек е проследен на позајмица во Бешикташ и така стана еден од ретките фудбалери кој во кариерата ќе ги брани боите на трите најголеми турски клубови.
Сепак, тој не го криеше незадоволството што експресно се врати на Босфор и не плаши да каже дека бил дискриминиран од страна на Франк де Бур.
„Знам дека Интер ме следеше две години, ми се допаѓаше интересот и напорно работев со цел да ги убедам челниците на луѓето да ме доведат. А тогаш се случи смената на тренерот, наместо Манчини дојде Де Бур, кој од првиот тренинг имаше предрасуди по прашањето за мене.
По три или четири тренинзи ми е речено дека не сум посакуван без никакво објаснување. Навистина не знам што се случи, можеби затоа што сум Турчин, а можеби и од некои други причини. Го прашав и претседателот и спортскиот директор да ми објаснат за што се работи, добив одговор дека не сакаат да се мешаат во тренерската работа“, изјави Еркин за „Хуријет“.
Навистина, оваа одлука на Франк Де Бур е крајно чудна, посебно од причина што Интер е најтанок на бековските позиции.