Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ливерпул во недела гостува кај ВБА, а проблемите за Клоп се зголемуваат.
Тимот на Ливерпул има серија од многу важни натпревари во кои ќе се обиде да осигура едно од првите 4 места во ПЛ, но тоа ќе биде многу тешко.
Клоп нема да може да смета на Хендерсон, како ниту на Лалана, а сега ќе отсустува и Фирмињо.
Фирмињо во петокот не тренираше со целосен интензитет, туку голем дел од времето работеше со кондициониот тренер. Сеуште не е потврдено дали се работи за повреда.
Бразилецот не играше и против Стоук, поради голем број натпревари кои ги одигра во краток период.
Добра вест за Клоп е тоа што Кутињо ќе игра во натпреварот против ВБА.