Нови проблеми за Мурињо: „Специјалниот“ ја изневерува својата сопруга со 14 години помлада девојка (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нов проблем за Португалецот.

Жозе Мурињо повеќе не тренер на Манчестер Јунајтед, но и натаму е интересен за тамошните медиуми. На површината исплива аферата која португалскиот тренер ја има со 14 години помлада жена.

Имено, Дејли Меил наведува дека Мурињо веќе долго време е во врска со новинарката на таблоидот „Сан“, Пру Картер Робинсон. Тие двајца се запознаа кога тој беше тренер на Реал, а дружењето го продолжија и кога Португалецот се пресели во Англија каде најпрво го тренираше Челси, а потоа и Манчестер.

Мурињо веќе 30 години е во брак со Матилда Фарио, со која има две деца. Додека го тренираше Манчестер, семејството му живееше во Лондон каде има куќа која ја купија за време на неговиот мандат на „Стемфорд Бриџ“.