Новогодишниот поклон на Интер доаѓа во вторник – И тоа за 27 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медицинските прегледи закажани за вторник.

Најавено, а изгледа и експресно исполнето.

Газета Дело Спорт најави дека првата мета на Интер оваа зима или следното лето ќе биде новиот италијански репрезентативец, Роберто Гаљијардини, а денес стигна информација дека фудбалерот за врска на Аталанта во вторник наутро ќе биде на стадионот Џузепе Меаца за да ги помине медицинските прегледи.

Скај соопшти дека деталите на трансферот се познати. Интер ќе го доведе Гаљијардини на шест месечна позајмица, а следното лето ќе плати 27 милиони евра за да потпишат договор со фудбалерот. Оваа вест ја потврди и Џанлука Ди Марцио.

Сопствениците на Интер, Сунинг групата даде зелено светло оваа работа што побрзо да се заврши.

Во преговорите учествуваше и спортскиот директор на Интер, Џампјеро Аузилио кој цело време преговараше со агентот на Гаљијардини, Џузепе Ризо.

Доаѓањето на италијанскиот фудбалер најверојатно ќе значи крај на престојот на Евер Банега на Меаца. Поранешниот фудбалер на Севиља е на мета на Тианџин кој нуди 30 милиони евра.