Новото раководство на Милан со уште една голема промена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот претседател на Милан, Паоло Скарони ќе се сретне  со спортскиот директор Масимилиано Мирабели за да преговараат за прекинувањето на неговиот договор.

Скарони седна на претседателската позиција во Милан откако компанијата Елиот комплетно го презеде раководењето со клубот во свои раце.

Сите кинески претставници, заедно со сопственикот Јонгхонг Ли си заминаа од клубот, а заедно со нив замина и Марко Фасоне.

Сега се очекува да замине и Масимилиано Мирабели кој заедно со Фасоне потрошија околу 200 милиони евра на трансфери минатото лето, но и покрај тоа Милан не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.