Нов голем трансфер на Јувентус?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Лаказет би можел кариерата да ја продолжи во Италија.

Според шпекулациите на медиумите, интерес за 25-годишниот напаѓач покажал Јувентус и тој наредното лето би можел да го облече дресот на Јувентус.

Ѕвездата на Лион претходно се поврзуваше со многу европски гиганти.

Најмногу се споменуваше Арсенал, но до трансфер никогаш не дојде. Лаказет е подготвен да замине, а тоа неодамна и го потврди.

„Мислам дека дојде време да заминам. Сакам да пробам да играм на друго место.“

Јувентус би можел да понуди 40 милиони евра за него, а тој во моментов има договор со Лион до 2019 година.