Нов пресврт и солзи на крајот: Мареј во четвртфиналето во Вашингтон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот тенисер Енди Мареј се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Вашингтон откако го победи Романецот Мариус Копил со 2:1 во сетови и тоа со пресврт.

Мареј во првото и второто коло имаше комплицирани мечеви, бидејќи два пати играше три сета, а слично беше и денес, само уште потешко.

Копил го доби првиот сет, но потоа Мареј успеа да победи во наредните два сета и се пласираше понатаму.

После мечот, британскиот тенисер не можеше да ги задржи солзите, па до самиот крај на ТВ преносот остана во солзи.  СИгурно трите врзани триумфи многу му значат.

Инаку, Мареј во четвртфиналето ќе игра против Австралијанецот Алекс Де Минор.