Нов скандал во Мадрид: Ѕвезда на Реал плаќа казна од – милион евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, во 2012. година не платил данок во висина од 1,2 милиони евра, а таа година се пресели од Тотнем во Реал, па шпанските власти потврдиле дека морал да плати данок, иако во Шпанија живеел само четири месеци.

Членот на „кралевите“ се пресели во Реал на крајот на август во 2012. година. Меѓутоа, шпанските власти пресудиле дека мора да плати данок за цела 2012. година, иако во Шпанија заработувал само четири месеци.

Модриќ инаку има уште неколку вакви прекршоци во Шпанија. А, станува збор за затајување на данок во 2013. и 2014. година, а тогаш мораше да плати речиси 900.000 евра.

Тогаш направил фирма во Луксембург, на која ги пренел комерцијалните права на користење на своето име во маркетинг цели и така избегнал да плати данок.