Нов случај Фабрегас – Барселона повторно скапо го плаќа својот пропуст


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Каталонците повторно би можеле да дадат многу пари за да го вратат своето дете во клубот.

Според шпанските медиуми, Барселона на лето ќе се обиде да го врати Тиаго Алкантара од Баерн Минхен.

Каталонците за неговиот трансфер ќе понудат 40 милиони евра, петнаесет повеќе отколку што Баерн го доведе во 2013-та година.

Тиаго е дете на Барселона како и неговиот брат Рафиња кој игра за каталонскиот клуб.

Фудбалерот за врска има во договорот откупна клаузула од 25 милиони евра ако не одигра одредени број на минути во сезоната.

Стручниот штаб и раководството на клубот не обрнуваа вниманието на тоа, на Тиаго му недостасуваа само уште неколку натпревари во нозете клаузулата да не се активира, но грешката е направена.

Таквиот поклон не го пропушти Пеп Гвардиола кој го доведе Алкантара за 25 милиони евра, а шпанецот и сега кај Карло Анчелоти е незаменлив.

Ова не е прв пат Барселона скапо да ги плаќа своите грешки бидејќи последните години го врати Фабрегас од Арсенал за 40 милион иевра, Пике од Манчестер Јунајтед за 5 и Жорди Алба за 14 од Валенсија.